Ракометарките на ЖРК Вардар го завршија настапот во EHF European Cup Women по двобојот против италијанскиот тим SSV Brixen Südtirol.
Во вториот дуел, ракометарките на Brixen Südtirol повторно беа подобри и славеа победа со резултат 25:36 (на полувреме 14:19). На овој натпревар вистински блесок имаше стружанката Ивана Трифуноска, која ја понесе титулата МВП на средбата. Со својата одлична игра и 7 постигнати голови од 8 обиди, таа беше најефикасна во составот на Вардар. Покрај неа, се истакнаа и Дона Тодоровска со 5 голови и Леона Миленкоска која додаде уште 4 погодоци.
Во првиот натпревар, италијанската екипа славеше со минимална победа од 32:29 (на полувреме 15:16). И покрај поразот, во редовите на Вардар брилијантна партија одигра Леона Миленкоска, која беше незадржлива за противничката одбрана и натпреварот го заврши со неверојатни 10 голови од 11 обиди (висока реализација од 91%). Забележителен придонес во овој меч имаа и Ивана Трифуноска и Анастасија Тодоровска со по 4 погодоци.
Стружанката Мила Ристовска имаше забележителен настап со вкупно 5 гола на двата меча.




