Пионерките на Струга ЖРК забележаа убедлива победа на гостувањето кај Спартак, славејќи со 22-17, во натпревар од 2. коло на Пионерската женска лига.

Стружанки одиграа одличен натпревар и ја потврдија својата предност во второто полувреме, кое го добија со 15-7. На паузата Спартак имаше минимална предност од 10-7, но во продолжението ракометарките на Струга направија целосен пресврт и стигнаа до заслужена победа.
Најефикасна во победничкиот состав беше Елена Ѓонеска со пет гола, додека Деспина Чакар и Евгенија Димовска додадоа по четири погодоци. Ива Крстаноска постигна три гола, Мила Миса два, а Мила Иловска еден погодок.
Кај Спартак, Јана Илиевска и Катарина Ракиќ постигнаа по шест гола, додека Катарина Глигороска беше стрелец на три погодоци.
Со оваа победа, Струга ЖРК успешно го продолжува настапот во Пионерската женска лига.
СПАРТАК – СТРУГА ЖРК 17-22 (10-7)
Стрелци за Струга ЖРК:
- Елена Ѓонеска – 5
- Деспина Чакар – 4
- Евгенија Димовска – 4
- Ива Крстаноска – 3
- Мила Миса – 2
- Мила Иловска – 1
Состав на Струга ЖРК:
Куциноска Јоана, Димовска Евгенија, Јованоска Инес, Глигоровска Марија, Паноска Деспина, Митановска Стефани, Паноска Николина, Ѓонеска Елена, Крстаноска Ива, Иловска Мила, Костоска Бојана, Шекероска Андреа, Миса Мила, Цакар Деспина, Мажникоска Стефанија и Нестороска Михаела.
Стручен штаб: Паноски Владимир и Ѓонески Марјан.
Стрелци за Спартак:
- Јана Илиевска – 6
- Катарина Ракиќ – 6
- Катарина Глигороска – 3
- Софија Димевска – 1
- Сара Атанасовска – 1
Состав на Спартак:
Софија Петкова, Калина Калиновска, Тијана Калиновска, Кети Стојмановска, Јана Илиевска, Матилда Георгиевска, Катарина Ракиќ, Матеа Ракиќ, Исидора Пандиловска, Катарина Глигороска, Ана Матлиеска, Ива Ристеска, Софија Димевска и Сара Атанасовска.
Стручни лица: Матлиевски Јаковче и Ракиќ Ивана.
www.javisejuzna.mk — пријател на македонскиот ракомет




