Вардар по 10-ти пат ќе игра на завршниот Ф4 во СЕХА лигата и е единствен тим кому тоа му успеало. И покрај поразот од 22-25 на реваншот во Загреб, „црвено-црните“ кои победија со 24-20 на првиот меч, поради подобрата вкупна гол разлика се пласираа меѓу четирите екипи.

Завршниот турнир од 3 до 5 септември ќе се игра во Задар. Најдобри кај Вардар беа Мартин Томовски кој имаше 12 одбрани и Тимур Дибиров кој постигна 5 гола.