Најдобрата македонска одбојкарска репрезентација во периодот од 1-19 септември ќе учествува на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во четири земји (Полска, Чешка, Естонија и Финска) .Нашите одбојкари се сместени во групата „Ц“, во Тампере (Финска). Прв ривал ни е домаќинот Финска на 1 септември од 18.00 часот по македонско време, на 3 септември играме со Холандија, на 5 септември против Турција, следниот ден со Шпанија, а последен противник е Русија
„Не е подобра репрезентација од нас, но се ќе зависи од нашата верба, храброст и зрелост. Го гледав првиот натпревар со нив и навистина загубивме на ситни работи, а во нашата игра има можност за напредок уште 20 или 30 проценти. Доколку успееме да се подобриме за 10, мислам дека ќе ги победиме“, убеден е капитенот на македонскатаодбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев.
„Прво што мора е да веруваме во себе, да бидеме храбри и зрели и да издржиме на нивната игра. Јас знам како тие ќе играат, ќе ни ја даваат топката и ќе направат малку неизнудени грешки. Тука треба да бидеме луцидни и зрели и да бидеме храбри. Не смееме да играме женска одбојка,туку мораме да ги нападнеме уште од првиот здив и веднаш да им најавиме дека дојдовме тука за да ги победиме, нешто слично како што направивме со Белорусија, со Словенија, со Турција во вториот натпревар во јануари во Скопје. Исто така, многу работи ќе зависат од одбраната, а тие играат многу добра одбрана, па ние ќе треба бидеме трпеливи и да ја градиме играта. Не мора секогаш да завршуваме од прва, ќе се играат долги поени. Трет фактор ќе биде нашиот сервис, а мислам дека во овој елемент имаме голем напредок во однос на Европската лига и тоа ќе го покажеме на овие натпревари, така што ќе си овозможиме полесни поени од нашиот блок, или, пак, блок-одбрана напад, а зоштода не и директни асови“, вели Ѓорѓиев.



