По долги осум години и дури 21 натпревар без победа, Вардар конечно ја совлада Шкендија, и тоа на нејзин терен во Тетово. „Црвено-црните“ славеа со минимални 0-1, во меч исполнет со голема борба и емоции.
Давид Бабунски беше херојот на дербито – во 49. минута ја презеде одговорноста и сигурно реализираше пенал, со што му донесе на својот тим долгоочекувана радост.
Со оваа победа, Вардар не само што ја прекина „клетвата“ против најголемиот ривал, туку и се искачи на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, потврдувајќи дека повторно се враќа во голем стил.




