Пред почетокот на новата сезона во СЕХА Газпром лигата ракометарите на Вардар 1961 одиграа контролен натпревар против градскиот ривал Металур. Двете екипи играа во некомплетни состави, со отсуство на играчите што настапуваат на Мундијалот во Египет. Вардар 1961 победи со резултат од 34:26 на полувреме беше 14:12.
Во двата тима недостасуваа ракометарите кои се дел од репрезентацијата, плус во тимот на ,,Црвено-црните” поради мали повреди недостасуваа Дисингер и Дибиров. Во текот на натпреварот Вардар постојано имаше водство кое во последните 20 минути од средбата се зголеми на 21:17 во 40 минута.
Тоа беше клучниот момент на средбата по што Вардар 1961 само ја зголемуваше предноста за краен резултат од 34:26.Првиот меч од СЕХА ГАзпром лигата тимот на Вардар 1961 го игра со Војводина на 28 јануари во Скопје.