Пред почетокот на сезоната, Вардар Форино влезе со големи амбиции, дури атакуваа и на Прва лига, но по 11 кола, клубот банкротираше и принудно се откажа од Втората лига – Запад.
Навистина тажна вест за фудбалот во Македонија, а особено за Форино и целиот Гостивар, бидејќи згаснува клуб со 42-годишна традиција, со што се очекува целосно распуштање на клубот и можен почеток од четвртата лига.Фудбалерите на клубот од Форино немаат добиено плата повеќе од три месеци, вчера преку капитенот Ајет Абази беше најавено дека нема да го одиграат дуелот со Велазерими, а денес тоа и се потврди.
Останува да видиме каква ќе биде одлуката на ФФМ, Вардар Форино ќе треба да се распушти и да продолжи во четвртата лига.
По 11. одиграни во Втората лига – Запад, Вардар Форино запиша три победи, три ремија и пет порази, со вкупно 12 бодови се наоѓа на осмото место на табелата.



