Андреја Ефремов во текот на утрешниот ден треба да парафира договор со Вардар и 27-годишниот голман да биде големо засилување за ,,Црвено-црните” во претстојната сезона.
Ефремов на домашна сцена има настапувано за Силекс, Металург, Работнички и Ренова, додека на интернационална сцена има настапувано за: Фамиликао од Португалија, Локомотив од Софија, Бугарија, како и Влазнија Скадар од Албанија. Квалитетниот голман има запишано и два настапи за А селекцијата на Македонија.



