Во рамките на Ендеса лигата Хувентуд Бадалона стигна до нова првенствена победа овој пат над тимот на Монбус Обрадоиро со резултат од 91:84. Што е уште позначајно со одлична игта на репрезентативниот бек, Ненад Димитријевиќ посебно во првото полувреме.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со учинок од 18 поени и 3 асистенции. Ова беше 24. натпревар за Хувентуд и 14. победа во „Ендеса“ лигата со која го бранат седмото место на табелата.



