Нелсон Узеир триумфираше против Франческо Криваро од Италија и се пласира во големото финале на Светското кик бокс првенство за деца, кадети и јуниори во Лидо Ди Језоло во Италија. Нелсон за златниот медал ќе се бори денес или утре со Агдеве од Турција.
Додека нашата Јадранка Темелкова загуби од Анита Муминовиќ од Босна и Херцеговина со 0-3 и го освои бронзениот медал.




