
Во првото коло од последната група на СП во Катар, Уругвај и Јужна Кореја ремизираа со 0-0.
На првенството, ова е дури четврт од досегашните четиринаесет натпревари, кој заврши без голови.
Во текот на цел меч, билансот на шутеви гласеше 10-6 во корист на Уругвај, но без ниеден удар во рамките на голот и на двете страни.
Во групата Х, исто така членуваат Португалија и Гана, кои ќе се соочат во 17.00 часот.