Унгарската ракометна легенда Мате Лекаи е многу блиску до преселба во Битола дознава www.javisejuzna.mk. Извонредниот и многу искусен среден бек ќе биде големо засилување за четата на Јовиќ и Шундовски во ракометната Лига на Шампиони.
Лекаи играше долго време за ПИК Сегед, пред да замине во словенечкиот Целје, од каде се врати во татковината и осум сезони го носеше дресот на Веспрем. Мината сезона играше за тимот на Ференцварош откаде би требало да се пресели во Еурофарм Пелистер.