Репрезентацијата на Македонија до 21 година забележа минимална победа над селекцијата на Гибралтар во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Словачка. Младите фудбалери ја остварија втората победа во овие квалификации. Во првото коло од квалификацискиот циклус, славевме победа над Шведска, на гостински терен со 1:0.
Македонија доминираше, имаше иницијатива и посед на топка, противник главно беше позициониран на својата половина, бранејќи го својот гол. Во првиот дел пропуштивме неколку одлични прилики преку Станковски, Максимов и Тодоровски.
Во продолжението, избраниците на селекторот Драги Канатларовски успеаа да го скршат отпорот на противникот. Во 52. минута Абази погодува за предност на Македонија од 1:0. На крајот сосема заслужена победа на Македонија.