Младата репрезентација на Македонија одигра нерешено против соодветната селекција на Бугарија на втората контролна средба одиграна меѓу овие две селекции.
Во спортскиот комплекс Правец, избраниците на селекторот Марио Вујовиќ одиграа 1:1. Одлично прво полувреме на нашите фудбалери, постигнаа еден гол и имаа неколку добри прилики.Бехар Фета погоди во 38 минута за водство на Македонија од 1:0. Во продолжението домаќинот успеа да го израмни резултатот во 59 минута.
МАКЕДОНИЈА: Гоце Јовчев, Бехар Фета, Дашмир Елези, Љупче Кудев, Петар Давидовски, Давид Бошевски, Грегори Давков, Дамјан Ќошевски, , Самет Реџепи, Матеј Ангелов, Емир Саитоски;
Митрев, Ракипи, Тесески, Коцев, Мирков, Јахији, Богдановски, Ангелов, Ѓоргиевски;