Викендов се игра 13.коло од Суперлигата во женската лига во групите А и Б.
Стружанка има најтешка задача бидејќи треба да одигра два натпревари. Најпрвин треба да го одигра заостанатиот натпревар против актуелниот шампион Ѓорче Петров поради нивниот настап во Европа изминатиов викенд. Овој натпревар се игра во Скопје во петок од 19.часот. Додека во редовниот термин од 13. коло во недела во спортската сала “Нико Нестор” од 18.часот го пречекува тимот на Металург кој е освојувач на Купот на Македонија.
Во продолжение погледнете го комплетниот распоред и термини на натпреварите во групите А и Б.

