Втората етапа од Тур д ски повторно се одвиваше во швајцарскиот Вал Мустер,но наместо вчерашните спринтови, се скијаа класични трки на долги дистанци, повторно во отсуство на Норвежаните.
Лин Сван, во одлична завршница, повторно ги покажа своите спринтерски способности и ја запиша втората победа во низа, откако беше најбрза дама на десет километри (30:09,9). Наредните четири скијачки беа во само две секунди заостаток: Јулија Белорукова Ступак (+0,7), Џеси Дигинс (+0,8), Фрида Карлсон (+1,4) и Катарина Хених (+2,0). Водечката во генералниот пласман, Роузи Бренан, заврши на шестото место (+3,4).
Мажите се тркаа на петнаесет километри и среќно до победата стигна Александер Болшунов (34:09,8). На Русинот му појде од рака фактот дека сонародниците Алексеј Червоткин и Евгениј Белов имаа контакт во последните кривини што резултираше со нивно паѓање. Накрај, како втор заврши ветеранот Дарио Колоња (+23,5), а Иван Јакимушкин (+25,3) го освои третото место. Во топ 5 се пласираа уште Морис Манифика (+27,7) и Денис Спитсов (+34,4).
📸 FIS Ski



