Третото коло од естонската Меистрилиига го затворија екипите на Тулевик и Левадија Талин. Имено, од „Вилјанди инастаадион“ во градот Вилјанди во јужна Естонија, Левадија Талин, минатогодишниот вицешампион, ги однесе трите поени во естонската метропола со победата од 1-3.
Првото полувреме беше во потполност доминирано од Левадија, но на пауза, домаќинот замина со минимална предност откако Сандер Капер постигна погодок во 37. минута.
Во второто полувреме, гостите го продолжија својот притисок и веќе во 47. минута израмнија преку Богдан Ваштшук. До целосен пресврт, претставниците на Талин дојдоа во 56. минута откако Роберт Кирс најдобро се снајде по одлично нафрлениот корнер на капитенот Дмитриј Круглов. Конечниот резултат го постави Кирс со својот втор погодок на мечот на една минута пред крајот.
Левадија ја запиша третата победа во низа и со девет бодови се наоѓа на врвот на табелата. Од друга страна, за Тулевик ова беше втор пораз и со три поени ја зазема седмата позиција.
Останатите резултати од третото коло:
Паиде 2-0 Куресааре
Калју 1-2 Легион
Нарва 2-3 Флора Талин
Тамека 0-2 Талина Калев