Томас Тухел би можел да стане нов тренер на Челзи, најавуваат германски медиуми. Тухел официјално уште е тренер на ПСЖ, но ќе му биде раскинат договорот откако ќе му биде исплатена платата која требаше да ја земе до крајот на јуни, па веќе е во потрага по работа.
Тухел пред само четири месеци го однесе ПСЖ во финале на Лигата на шампионите, но од клубот не му ги простуваат скромните резултати во новата сезона и ќе го заменат најверојатно со Маурисио Покетино.
Шпекулациите го селат во Лондон. Најпрвин се спомнуваше Арсенал како можна дестинација, но слабите резултати на Челзи во последно време ја разнишаа позицијата на Френк Лампард и наводно Роман Абрамович бил заинтересиран за Тухел уште додека тој ја водеше Борусија Дортмунд во 2017 година.
Тухел е сонародник на Тимо Вернер и Каи Хаверц кои скапо беа платени од Сините, но не ги оправдуваат парите и можеби со германски тренер би заиграле подобро. Во Челзи има уште еден германец, а тоа е Антонио Рудигер. Сите овие факти се на страната на германскиот стратег, а против Френк Лампард.



