Од 16 тренери кои работат во Серија А и учествуваа во анкетата на „ИтаСпорт прес“, дури 11 тренери веруваат дека Интер ќе ја освои титулата во Италија, а тројца биле неодлучни, додека четворица не сакаале да се изјаснат.
На прашањето кој ќе биде шампион, 11-мина рекле Интер, а само по еден тренер се определил за Милан и Јувентус. За Милан гласал само Џовани Стропа од Кротоне, а за Јувентус, Винченцо Италијано од Специја, а сите останатите сметаат дека Интер ќе биде новиот шампион во Серија А.



