Во четвртото коло од групата Д во овогодинешното издание на кошаркарскиот Еврокуп, Тренто ја декласира екипата на Цедевита Олимпија со 61-52.
Одличната одбрана на Италијанците ја лимитира Цедевита на само 34 постигнати поени по првите три четвртини што беше пресуден фактор за четвртиот триумф по исто толку одиграни натпревари.
За Цедевита, ова беше втор пораз, доволен за третото место на табелата.
Единствен кошаркар на теренот со дабл-дабл учинок беше ЏаКори Вилијамс од редовите на Тренто со десет поени и со десет скокови, додека, најефикасен беше неговиот соиграч, Гери Браун, со минимални четиринаесет поени.