Еден од италијанските одбојкарски класици беше одигран денес во рамките на 17. коло од Серија А.
Имено, по вторпат сезонава, силите ги одмерија Перуџа и Трентино.
Во првиот дуел, на 18 октомври 2020, Перуџа славеше со 1-3, а денес Трентино го возврати ударот.
Претставниците на Тренто славеа со ист резултат на гостински терен и им го нанесоа вториот пораз во последните три средби на Перуџа, кои и покрај сè остануваат на врвот на табелата.
По сетови, резултатот гласеше 20-25, 25-23, 19-25 и 21-25.
Најефикасни играчи на мечот со по 16 поени беа Рикардо Лукарели (Трентино) и Вилфредо Леон. Од победничкиот состав, двоцифрени беа уште Нимир Абдел-Азиз (14) и Среќко Лисинац (11).



