
По трите врзани порази без постигнат гол, екипата на Трактор Чељабинск успеа да се врати на победничките патеки.
Во рамките на денешната КХЛ програма, ,,Мечките” беа подобри од Амур Хабаровск со 2-3 после пенали.
Во втората третина, двојна предност на гостите им донесоа Пјотр Хохрјаков и Адам Алмквист, но набргу, во корист на Амур, израмнија Сергеј Лапин и Владислав Барулин.
После пет серии од пенал-рулетот, Јан Дрозг погоди за домашниот состав, додека победа на клубот од Чељабинск му донесоа Максим Шабанов и Никита Тертишни.
На Истокот, Трактор скокна на седмото место, оставајќи го Амур на претпоследната позиција.




