
По одличниот старт на сезоната со три победи во низа, Нефтехимик Нижнекамск се врати на минатосезонските патеки, откако запиша три врзани порази.
Денес, на домашен терен, популарните ,,Петрохемичари” загубија од Трактор Чељабинск со 1-3.
На мечот, гостите поведоа со 0-3, откако Андреј Стас и Јегор Фатејев (со играч помалку) стрелаа во првата, а Сергеј Калинин (со играч повеќе) – во третата третина.
До крајот, домашните хокеари успеаја да постигнат само почесен погодок, откако мрежата на Роман Вил ја затресе Владислав Шутов.
Иако прими еден погодок, Чехот сепак беше еден од најквалитетните поединци на Трактор со 34/35 одбранети шутеви.
Со четвртиот последователен триумф, Трактор изби на втората позиција на Истокот, а Нефтехимик падна на шестото место.



