вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#526 – Некој

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 30, 2020
📁 РАЗНО

Сигурно и вас ве нервира кога не знаете со кого зборувате од другата страна на телефонот?

Сигурно и вас ве нервира кога треба да притискате милијарда копчиња за да дојдете до посакуваната информација (за ова притисни 1, за она притисна 2,… ако сакате ова притисни 1, ако сакате она 2….итн. итн., до недоглед)

Сигурно и вас ве нервира она копчено со кое потврдуваш дека не си робот?

Е, ова последново се случува само затоа што сè повеќе и повеќе не знаеме со кого комуницираме и се однесуваме со тие, од другата страна, како да е некој (безимен) односно никој и ништо. Последиците се тие.

Затоа:

– Знајте со кого зборувате – кога ќе се јавите некаде, прво вие претставете се и побарајте да ви го кажат името на личноста со која разговарате. Ако не сте го слушнале убаво, побарајте да ви го повторат. Не е ОК да му згрешите име некому, но уште повеќе не е ОК, ако не знаете со кого сте зборувале.- Визит-карта – кога сте на некои настани, задолжително имајте визит-карта со вас со која ќе овозможите да го дознаат вашето име, но побарајте и другата страна да ви даде визит-карта. Ако немаат, пробајте да ги запомните неговите/нејзините контакти.- Вашето име – можеби вашето име мислите дека е лесно за помнење, но тоа не е секогаш така, особено ако соговорникот ви е странец. Знајте да го спелувате и убаво да го кажувате, доколку сакате да ве запомнат.- Запомнете ги имињата – доколку имате проблем со ова, најдете начин како да ги запаметите имињата на луѓето кои ви се претставуваат. Јас тоа го правам со поврзување со настани и ако сум на некој настан, истата личност ја опишувам со мои зборови, за да знам која била таа личност.- Присутност во комуникација – кога комуницирате со некого (посебно по телефон), бидете присутни и фокусирани во комуникацијата, а не да чукате на компјутер, да зборувате со други итн. итн. Се забележува дека не сте присутни во разговорот и сосема е оправдано соговорникот да не сака во иднина да комуницира со вас.- Повторување – сме рекле неколку пати дека повторувањето е мајка на знаењето, па така и тука: повторете го името на личноста за време на комуникацијата неколку пати, навечер пред да си легнете (чисто како ревизија на денот) или, пак, кога сакате – повторете го!

Едно да знаете, кога не знаете со кого комуницирате, тоа дава сигнал дека личноста не ви е важна, односно дека е некој, односно никој и ништо. Како би ви било вие да сте тој/таа личност?

Со успех во промените,

@kalinbabusku

Член на тимотМАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
ShareTweet
Претходна вест

ЖРК Куманово го врати Ненад Краљевски на кормилото

Следна вест

Ѓоковиќ го збриша Федерер и се пласира во финале на АО

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

Ѓоковиќ го збриша Федерер и се пласира во финале на АО

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.