вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#525 – Менаџмент на операции

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 23, 2020
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Кога се зборува за „Менаџмент на операции”, во суштина, се мисли на целиот бизнис модел и оперативно извршување на работите во една компанија. Менаџмент на процеси или операции, го опфаќа целосното функционирање на бизнисот, од поставување на основните постулати и оперативни процеси на компанијата, стратегија, организациска поставеност, синџирот на снабдување, па сè до локација, менаџирање на резерви, продажба и маркетинг, планирање на ресурси, финансии и дистрибуција. Тоа, во суштина, го формира и го претставува целиот „систем” на една компанија.

Најинтересно е тоа што најголем дел од елементите што го претставуваат „менаџментот на операции”, е во позадина на бизнисот. Шасијата на автомобилот е она што го гледаат сите, но моторот и сето она што ја дава цврстината, силата и перформансите на автомобилот т.е. тоа се операциите што се изведуваат во позадина. Но, без оглед дали вие ги познавате или гледате како се одвиваат процесите во позадина на еден бизнис, секогаш може многу лесно, само гледајќи однадвор да се забележи дали некаде постои (и каков) систем / процедури на работа.Па, така, идејата за овој неделен совет ми дојде од мојата посета на СИЛБО (за тие што не знаат, пекарница во Скопје), која работи 24 ч и каде што во 90 % од времето има најмалку 15 купувачи кои чекаат во ред. За големо „чудо”, колкав и да е метежот, секогаш ти требаат само неколку минути за да си завршиш работа. Исто, како и да си во некој друг локал каде што има еден до двајца пред тебе. Ама, работата е, што е тоа што ни е чудно за таква брза услуга! Но, тоа е само добра организација на работата и процесите во позадина на пултот.· На каса работат двајца кои само вршат наплата на нарачките. Покрај тоашто влијае на ефикасноста, тоа е дополнително влијае и на хигиената:· Другите продавачи само примаат и процесираат нарачки,постојано се следи резервата на производите и се надополнува соодветно. Никогаш не може (ретко) се случува да снема од некој баран производ:· Широкото портфолио дополнително ги оптоварува операциите, но тоа неможе да се почувствува во работата:· Постојано во позадина на продажниот тим се плеткаат и пекарите коиносат и надополнуваат производи. Понекогаш зад пултот сесреќаваат 5-7 вработени, кои не можеш во ниту еден момент да забележиш дека си пречат:· Хигиената, земајќи го предвид метежот, е на завидно ниво. Се служисо ракавици, а и постојано некој зачистува од страната на пултот, кај купувачите.Не ги познавам ниту сопствениците, ниту сме работеле нешто, па да знам како функционираат работите во позадина. Погоре, само си дозволив да протолкувам од она што го гледам однадвор. Ова е само еден дел од „Менаџмент на операции” кои функционира во оваа компанија. Сигурен сум, доколку вака функционираат на пулт, и во другите аспекти на работењето се исто така успешни. Им посакувам успех.Некаде, од некој паметен човек слушнав „најголемата разлика помеѓу успешен и неуспешен (помалку успешен бизнис), е во силата на системот”. Креирајте свој систем на работење, процеси на извршување на работите и одржувајте / надополнувајте го истиот. Само така може да изградите успешен и долгорочен бизнис.

Вежба: Како би го увиделе веднаш значењето на добро организирани процеси на работа, еве ви една мала игра или вежба што може да ја направите со вашите колеги. Во секој случај, ќе треба да имате повеќе колеги (7-10) со цел да ја почувствувате разликата.· Седнете ги на канцелариските маси вашите колеги. Не е важно кој каде ќе седне, и колку луѓе ќе седнат на една маса.· Дајте им на сите по еден празен лист.· Вие седнете малку подалеку од нив.

· ЗАДАЧА 1: кажете им на сите да дојдат и да ви го донесат листот. Во меѓувреме вие со штоперица го мерите времето од почеток до крај на задачата (кога и последниот ќе ви го остави својот лист).

· ЗАДАЧА 2: вратете ги листовите на вашите колеги. Дајте им инструкции, исто така да ви ги донесат листовите, но овој пат со малку различен процес на работа. Нека почнат од последниот (што е најдалеку од вас), па кон првиот (најблиску што седи до вас), да ги подаваат листовите. Да не стануваат од своите места. А последниот, т.е. оној што е најблиску до вас, на крај ќе стане и донесе сите листови до вас. Секако, и овој пат вие го мерите времето со штоперица. Ви ветувам дека, вие и вашите колеги ќе бидете изненадени од резултатот.

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимотМАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Како Хрватска славеше против Норвешка на претходното ЕП

Следна вест

ГЕВГЕЛИЧАНКАТА АНА БРЗАНОВА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА „ТОП МОДЕЛ НА СВЕТОТ 2019“ ВО ЕГИПЕТ

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

ГЕВГЕЛИЧАНКАТА АНА БРЗАНОВА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА „ТОП МОДЕЛ НА СВЕТОТ 2019“ ВО ЕГИПЕТ

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.