вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#496 – Недоразбирања

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 4, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Како комуницираме секојдневно, така има сè повеќе недоразбирања. Многу пати сме полемизирале околу оваа тема, и зошто се случуваат и како се случуваат и секогаш сме наоѓале решение, но бројот на недоразбирања е сè поголем и поголем.
Недоразбирањата најчесто се случуваат при:
– Пишана комуникација – одете само на некои од социјалните медиуми и ќе видите како двајца се расправаат (можеби и исто зборат), ама поради тоа што не знаат како да се изразат, ај што тие се караат, туку се прават и табори. Избегнувајте пишана комуникација за чувствителни теми или теми кои стануваат чувствителни!
– Неактивно слушање – не се слушаме меѓусебно и не сакаме да ја разбереме другата страна, туку сакаме да го наметнеме нашиот став!
– Трпение/Толеранција – многу ни е „мал фитилот“ и веднаш на гард ги пречекуваме луѓето околу нас, па нормално е да има недоразбирања.
– Промени – луѓето се менуваат, а ние не ги прифаќаме или не сакаме да ги прифатиме промените кај нив, па соодветно на тоа и мислиме дека останале некаде таму назад, а всушност не е така.
И додека комуникацијата е критична во секој бизнис и нашето секојдневие, недоразбирањата можат да предизвикаат поголема штета од добро кажаното, но сепак, не сакаме ниту да се потрудиме да го намалиме недоразбирањето или да го нема воопшто (мислам дека е невозможно да го нема воопшто, ама ај).
А многу е едноставно, за да го нема недоразбирањето, упатствата што ги даваме мора да бидат јасни, прецизни и со што помалку можности за дополнителни прашања, но сепак, покрај избегнување на горенаведените причини за недоразбирање, потребно е и:
– Повторување на инструкциите – повторувањето е мајка на знаење, но побарајте инструкциите што ќе ги добиете да ви бидат повторени, за да видите дали убаво сте ги разбрале или не.
– Вербална и пишана комуникација – после секоја вербална комуникација, имајте време сето тоа што сте го договориле да го запишете, споделите со сите кои се инволвирани и да добиете инструкции, дека тоа што сте се договориле и тоа што е напишано е истото!
– Потврда – доколку сте вие тој/таа што давате некакви инструкции, побарајте потврда од соговорниците дека тоа што сте го дале како инструкција е разбрано од сите, така како што вие сте го замислиле.
– Зборови – имајте на ум дека сите ние сме различни и начинот на искажување на работите и давање на инструкции треба да биде прилагоден кон тие што ве слушаат. Изберете зборови според ситуацијата и луѓето.
– Фокусирани – кога давате и примате инструкции, бидете фокусирани. Ништо нема да се промени во тој период од 5 минути, а грешките и проблемите кои можат да се случат подоцна, можат да бидат преголеми!
– Конкретни – бидете конкретни и специфични. Ако може во што помали црти и реченици да се пренесе тоа што треба, најдобро ќе биде, но бидете конкретни!
– Учете – учете од секое недоразбирање што ви се случило и гледајте да не го повторите, барем не со истиот соговорник!
Се надевам дека ќе ја разберете потребата од намалување на недоразбирањата во секојдневната комуникација и проблемите кои можат да настанат, и од денес почнете на нивно намалување!
Со успех во промените,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com
ShareTweet
Претходна вест

ЕП Beach Handball – Женската репрезентација со историска победа против Кипар

Следна вест

Гледајте во живо ЕП во Beach Handball (ЛИНКОВИ)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

Гледајте во живо ЕП во Beach Handball (ЛИНКОВИ)

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.