понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#494 – Поздравување

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 20, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Не знам дали ви имаме кажано, секое утро, во канцеларија секој со секого треба да се поздрави. Ама не само да каже здраво или добар ден, туку и да се поздрави со рака. Тоа го воведовме како пример од еден практикант кој беше кај нас и кој почна да се поздравува со секој од нас кога ќе дојдеше на работа, така што тоа ни остана како традиција, и еве веќе неколку години МОРА да се применува во офисот.
Искрен да бидам, на почетокот бев малку збунет, но со текот на времето, идејата многу ми се допадна и настојувам да се одржи во „живот“ од неколку причини:
– Интеракција – ако ништо друго, од утро се прави интеракција со луѓето околу вас. Утринските муабети се тука како и размена на случки кои се случиле во претходните неколку саати.
– Тим – некако и тимот се зацврстува со утринските комуникации и сите интеракции кои следуваат после тоа, се прави кохезија.
– Промени – луѓето кои не се таканаречени утрински луѓе, со ова сакале или не, мора да прозборат од сабајле и да направат некаква интеракција.
– Почеток – ако ништо друго, убав почеток на денот!
– Намалување на конфликти – сакале или не, колегите кои од која било причина биле во некаква конфликтна ситуација, следното утро, кога ќе се поздрават, едноставно мора да се погледнат во очи и да си кажат здраво… убав почеток за разрешување на некоја ситуација.
– Малите нешта, прават голема разлика – насмевката кај колегата кој ќе ви каже добро утро, сакале или не, се пренесува и кај вас, колку и да сте нерасположени. Научно е докажано дека насмевката е заразна.
– Култура – се работи за основни манири и култура на однесување.
– Хуманизација – најголем дел од денот, поминувате со колегите. Па наместо да ги гледате колегите како машини кои работат со вас, утринските поздравувања може да ви помогнат подобро да се запознаете.
– Хиерархија – ако сите, ама баш сите (од топ менаџмент па до најдолно ниво) се поздравуваат меѓу себе, создава една демократска (немав друг збор) работна атмосфера, каде што сите сме исти.
– Време – не одзема многу време, односно само неколку секунди. Е сега, ако започне некаква интеракција, може да одземе време, но има друг бенефит, создава позитивна атмосфера.
– Економски причини – бесплатно е!! J (дека сум Влав)
– Промени – интровертните, со едно утринско поздравување со рака и изговарање на едно здраво/добро утро, имаат можност да искочат од својата матрица и да почнат со промените, да бидат забележани!
– Бариери – замислете дека ви е непријатно со некого да почнете разговор, едно здраво/добро утро на сабајле, може да ви помогне да ги срушите тие бариери и подоцна дури и на ручек заедно да одите.
Поздравувањето на работа на почетокот може да изгледа чудно и малку непријатно, но всушност, на крајот од денот, ќе биде многу ценето од сите. Верувајте ми!
Со успех во промените
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com
ShareTweet
Претходна вест

(Аудио) Cyrillic направи прекрасен ремикс на евровизиската „Proud“ од Тамара

Следна вест

Горан Станковски: Македонската репрезентација до 17 години зема залет…

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

Горан Станковски: Македонската репрезентација до 17 години зема залет...

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.