понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#493 – БРАВО дечки!!!

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 12, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Неблагодарно и би било нефер, ако не го искористам овој момент и нашиот медиумскиот простор, а да не ги поздравам и им честитам на ракометарите на ВАРДАР за успехот кои го постигнаа викендов, како и радоста што ни ја приредија овие неколку дена.
БРАВО дечки, секоја чест! Нè исполнивте со убава енергија, драгоцени моменти и за кратко ни помогнавте да заборавиме на секојдневните проблеми и случувања околу нас.
Сепак, да не остане само на честито, да пробаме да го поврземе овој настан и со нашиот концепт на „неделен совет”. Покрај сè она што можеше да се научи, како треба да се однесува еден професионалец (без оглед дали е спортист, инженер, доктор, економист, уметник…) на терен или во канцеларија, пожртвуваност, посветеност, фокус, тим, индивидуалност, резултат, лидерство, позитивен став, истрајност, сила, енергија, максимум, стратегија, уметност, умешност, љубов, страст, пасија, верба, несебичност, благодарност, еуфорија, здружување, моќ, фамилија, поддршка…сигурно има уште многу работи, но сепак, една карактеристика што мислам дека може да се истакне и да се наведе како најважна за остварување на овој успех е нивната МОТИВАЦИЈА.
Она што може да ти го направи мотивацијата, не можат ниту едни пари, злато, кола или какво било материјално задоволство. Кај нас, за жал, (нормално многу оправдано) како број еден, мотивациски фактор се парите. На нашите обуки, кога разговараме со учесниците за тоа што ги мотивира, генерално, одговорите се дека парите се најважен мотивациски фактор. Парите се супер, и барајте си повеќе пари, ако мислите дека заслужувате, но не може ништо да се спореди, никое надворешно материјално задоволство, со внатрешниот порив, мотив, волја да направиш нешто, да постигнеш некој резултат.
Драго ми е дека ВАРДАР со ова успеа да ни го покаже тоа на дело. Покрај сите препирања во клубот и надвор од него, пари, притисоци, политики и што уште не, играчите успеаја да ја одржат концентрацијата и со невидена мотивација и жар во срцата ги оставија своите тела и души на теренот.
„Неверојатно ми е како во тие години на беспарица, секојдневни натписи во медиумите дека клубот се распаѓа, не се скараа, не се наруши „хемијата“ кај момците. Се случи сосема спротивното. Имам чувство дека тоа што се случуваше со Вардар, само дополнително ја зближи екипата и дека проработе инаетот.”
Кире Лазаров
(Ракометар)
Уште еднаш, БРАВО дечки!
П.С.   А, да не заборавам да додадам, и на нивното влијание во однос на тоа дека досега никоја организирана и маркетиншки поддржана иницијатива, не успеала да собере толку маса од луѓе на едно место, и тоа без никаква иницијатива или претходни планирања и притисоци.
Со успех во промените,
Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Стојне Николова порачува „Спремај мајко дарови“

Следна вест

Кристопанс – Даде 27 гола на три меча и донесе титула за РК Вардар и ЕП за Латвија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

Кристопанс - Даде 27 гола на три меча и донесе титула за РК Вардар и ЕП за Латвија

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.