понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#492 – Блокирање

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 5, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Ако се прашувате дали е ОК или не, да ги блокирате луѓето на социјалните медиуми, всушност, можете да се запрашате дали е ОК или не да ги игнорирате луѓето воопшто.
Игнорирањето на луѓето не е нешто со кое се соочувате секојдневно во животот, бидејќи во реалноста,генерално, постои линија кога можеме да игнорираме некого и кога колку и да сакаме да игнорираме, едноставно не можеме/смееме. Ако е само познаник, тогаш едноставно ќе направите сè за да може да не се сретнете со таа личност, но ако е соработник или некој со кого сме принудени да комуницираме, немаме многу избор.
Ако, пак,правиме муабет за социјалните медиуми, позадината на блокирањето/игнорирањето е сосема друга. Поделени се мислењата околу тоа дали блокирањето на социјалните медиуми е ОК или не, но едно јасно, блокирањето на социјални медиуми, многу логично доведува и до блокирање/игнорирање на истата таа личност и во реалниот живот. Тргнувајќи од тоа дека што правите на социјалните медиуми, ве одразува вас и во личниот живот, мислам дека блокирањето е генерално незрело, бидејќи не ги решава и/или отстранува проблемите. Дополнително на ова, ако ја дефинираме зрелоста како преземање на одговорност, вина кога е потребно, решавање на проблеми итн. блокирањето е еден од најмалку зрелите начини за справување со сето ова.
Блокирањето/игнорирањето:
– Не ги решава проблемите туку баш напротив, ги става под чергиче и кога-тогаш, ќе се појават на виделина, но тогаш ќе бидат многу поголеми.
– Не го средува вашиот однос со луѓето, туку баш напротив, ги продлабочува јазовите кои постоеле или со самото блокирање сте ги отвориле уште повеќе.
– Не ве прави храбар или скромен, туку ве прави арогантен и слаб во комуникацијата, нешто што ве позиционира на неубав начин во општеството.
– Не ви дозволува да простите туку баш напротив, со самото блокирање, јазот кој постоел помеѓу вас само го продлабочувате и можноста за простување и извинување само се оддалечува, а непријателството само се зголемува и уште повеќе.
– Не ви овозможува да ја разберете другата страна, а со тоа и да пробате да ја уверите во (не)исправноста на исказите или да се уверите самите дека можеби сте погрешиле и да си признаете на самите дека сте погрешиле, а на соговорникот дека е во право.
– Нема да ви помогне да станете посилни и зрели како личност. Луѓето кои се потпираат на блокирање на социјалните медиуми имаат тенденција да се потпрат на блокирање и игнорирање и во секојдневниот живот, односно ве прави личност која едноставно не сака да се справи со какви било прашања, потешкотија или несогласување.
Блокирањето е најчесто искористено како форма на одмазда, но ако го имаме сето ова горе предвид, не се одмаздувате на другите туку си се одмаздувате сами себеси, си правите лошо сами на себе! Блокирањето/игнорирањето е лесно, но последиците се долгорочни. Затоа, следниот пат, кога ќе сакате да блокирате некого, убаво размислете пред да го притиснете копчето!
Со успех во промените
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Лето, море, сонце, плажа и нов летен хит на Ристе Ристески

Следна вест

Големиот BRYAN ADAMS со концерт во Скопје

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

Големиот BRYAN ADAMS со концерт во Скопје

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.