понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#489 – Без наслов

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 15, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Не знаев каков наслов да ставам на овој неделен совет, бидејќи сите наслови што ми доаѓаа на памет, со цел да го објаснам текстов, ми беа навредливи и негативни. Затоа се решив вие самите да си ставите наслов каков што ви одговара.
Приказната иде вака! За празниците, се договоривме да се собереме кај еден пријател на викендичка и како што е редот, да направиме голема софра. Мене, бидејќи живеам блиску до пазарче, ми падна задачата да набавам некои производи од пазар. Меѓу сите продукти што ми беа на листата, требаше да купам и 1кг јагоди. Отидов кај комшијата (велам комшија, бидејќи секој ден пазарџиите ме гледаат и веќе се познавам со голем дел од нив), имаше убави јагоди (150 ден./кг) и му реков да ми измери еден килограм. Стави во ќеса некоја количина и отиде на другата страна на тезгата, каде што му беше вагата да ги измери, дали треба да извади или да достави некоја јагода. На прва ми изгледаше дека точно ги проценил јагодите и излегоа точно 1 кг. Ми ја подаде ќесата, јас му дадов 150 ден., но забележав дека во раката држи една јагода. Најверојатно поради таа јагода, вагата за милиметар покажала повеќе од 1 кг, и трговецот уредно ја извади.
Што е тоа? Како да го дефинирам овој однос на трговецот? Дали е тоа прецизност во работењето, дали е ситничарење или економичност? Дали е малодушност или професионален однос? Дали е ценење на парите/производот или немање никаков однос и чувство кон работата и кон клиентите?!
Од аспект на однос со клиенти – сите знаеме дека концептот на „нешто повеќе за клиентите”, ќе ви донесе секогаш повеќе бизнис отколку да кратите од нив. Тоа е и главната психолошка продажна стратегија на концептот на „реципроцитет во продажбата”. Ако дадете нешто повеќе, клиентот секогаш ќе се чувствува должен дека треба да врати. Може нема јас да му купам повеќе производи од потребното, но секогаш ќе се враќам кај истиот продавач и ќе бидам негов лојален купувач. Од аспект на професионалност – бизнис – нема ништо професионално во овој начин на работа. Вака не се води бизнис. Ако сте отвориле свој бизнис и сакате да „растете“, преку овој начин на работа „на ситно”, нема да стигнете далеку во развојот на вашиот (голем) бизнис. Повеќе би го ставил во ситничарство. Од аспект на „еснаф”- нема никаков еснаф во овој модел на размислување. Од аспект на профитабилност – ако мислите дека ќе заработите или ќе заштедите, баш поради таа јагода, се лажете.
Не се држете за јагодата. Ако сакате да постигнете големи работи, мора да бидете и да размислувате на големо. Или познатата народна „дај една јагода, да земеш две”.
Со успех во промените,
Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Мега популарната серија „Беверли Хилс 90210“ повторно се враќа на ТВ екрани

Следна вест

(Фото) Капитенот на ФК Сараево Крсте Велковски го подигна пехарот во Купот

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

(Фото) Капитенот на ФК Сараево Крсте Велковски го подигна пехарот во Купот

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.