понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#479 – Релакс

Со релаксирана атмосфера на работа, вие сте попродуктивни, автоматски и продуктивноста во целата компанија е поголема...

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
март 7, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Луѓе, стресот е многу лоша работа и тој влијае на нормално расудување и позитивно расположение. Стресот, како тема, е веќе толку актуелна што има многу предавања и само за тоа се зборува. Да, мислам дека стресот ни е наметнат како нормален начин на живеење…
И кога веќе тој е дел од нашето секојдневие, се поставува прашањето што може да направиме за негово намалување или, пак, контролирање. Кога зборам за контролирање, не мислам дека може да се контролирате кога ќе бидете под стрес, а кога не, туку повеќе на контрола на стресот и негово канализирање и брзо отстранување од вас…
Но, бидејќи дома ви е дома, не знам колку можам да ви бидам од помош, но барем на работа немојте да имате стрес или да се вознемирувате. Тоа може да го направите ако си направите опуштена/релаксирана атмосфера. Знам дека е лесно да се каже, дај да те видам да се имплементира, ама сепак, ова ви го кажувам од искуство и затоа го споделувам со вас:
  • Моментална ситуација – согледајте ја моменталната ситуација, свртете се назад за да видите што сте сакале да направите, а каде сте всушност. Е добро де, па што ако не ви се остварило тоа што сте мислеле дека требало да го сторите. Не е крај на светот! Се мачиме беЗвезе!
  • Негативни луѓе – намалете го опкружувањето со негативни луѓе или ако веќе не можете да го намалите опкружувањето, тогаш барем намалете ја комуникацијата.
  • Земете воздух – кога ќе дојде стресот, немојте веднаш да дигате паника. Земете воздух, избројте до 10, излуфтирајтесе. Да бе, сите ова го знаеме, но дали некој од вас го има ова навистина туку секогаш било времето како изговор.
  • Биоритам – сменете биоритам. Моменталниот можеби не ви е добар штом лесно можете да влезете во друга, стресна димензија, па потребна е промена, станувајте порано, легнувајте порано, физички активности, сменете храна…
  • Работнo место – ако ви е здодевно работното место, направете реорганизација. Тоа што било до сега лево, нека биде десно и обратно… или, исчистете сè, фрлете сè во канта за отпадоци и почнете од почеток. Дополнително на ова, ако можете, сменете го работно место со друг колега.
  • ПроФорма – не ги правете работите проформа или реда ради!
  • Одговорност – ако сте кажале или сте ветиле нешто дека ќе направите, застанете зад тоа, а не после тоа да се објаснувате дека тоа што сте го кажале всушност не сте го мислеле или ви го извадиле од контекст или не знам, ете се случило. Немањето на одговорност кон работите, само ве прави двосмислени во очите на другите, а двосмисленоста многу лесно може да ве доведе во стресна ситуација.
  • Ветувања – пазете што ветувате, затоа што понекогаш тие ветувања може да ве доведат до стресна ситуација.
  • Отворена комуникација – имајте почести неформални дружби со колегите, запознајте се подобро, олеснете си ја вашата соработка со нив, ќе ви требаат, а и работната атмосфера ќе ви биде порелаксирана. А и да дојде некоја стресна ситуација, лесно ќе може сите набрзинка да се справите со неа.
Со релаксирана атмосфера на работа, вие сте попродуктивни, автоматски и продуктивноста во целата компанија е поголема…
Со успех во промените,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Манчестер Јунајтед ја покажа сета своја сила и го елиминира на ПСЖ

Следна вест

(Видео) Најинтересни моменти од победата на Татран против Металург

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

(Видео) Најинтересни моменти од победата на Татран против Металург

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.