Во рамките на 1/8 финалето од Лига шампиони на ,,Паркот на Принцовите” фудбалот изрежира нова фудбалска сензација. Овој пат ПСЖ загуби на домашен терен против Манчестер Јунајтед со 1:3.
,,Црвените ѓаволи” со дури десетмина отсутни успеа да ја анулира негативата од првиот меч и да го елиминира фаворизираниот француски тим. Гостите пресвртот го најавија уште на стартот во 2. минута кога Ромелу Лукаку постигна гол за 0:1.
Домашните фудбалери веднаш се вратија во игра па во 12. минута Мбапе со правовремена асистенција до осамениот Бернат на втора статива каде што на левиот бек не му преостана ништо друго освен рутинска реализација за 1:1.
Нов пех за Манчестер Јунајтед се случи по дваесетина минути игра кога се повреди централниот дефанзивец Баи, но новата повреда во редовите на Манчестер претставуваше додатна мотивација за останатите фудбалери да покажат дека навистина го заслужуваат дресот на англискиот великан.
Веќе во 30. минута Рашфорд се реши за удар од далечина, а домашниот голман Буфон направи почетничка грешка ја испушти топката каде што налета Лукаку и ја испрати зад грбот на искусниот голман за ново водство од 1:2.
Во вториот дел ПСЖ доминираше во поседот на топката имаше иницијатива, на неколку наврати имаа и шанси за израмнување но резултатот од 1:2 остана се до судиското продолжение кога од далечина Дало се обиде со директен шут кон голот, каде што Кимпембе топката ја изблокира со рака внатре во шеснаесетникот и судијата Скомина по прегледување на ВАР – технолигијата утврди дека е пенал. Најстрогата казна успешно ја реализира Маркус Рашфорд за 1:3 и за елиминација на Пари Сен Жермен и пласман на својата екипа во 1/4 финалето.
Видео: ПСЖ 0 – 1 Манчестер Јунајтед стрелец Лукаку
Видео: ПСЖ 1 – 1 Манчестер Јунајтед стрелец Бернат
Видео: ПСЖ 1 – 2 Манчестер Јунајтед стрелец Лукаку
Видео: ПСЖ 1 – 3 Манчестер Јунајтед стрелец Рашфорд



