понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#478 – Раководител v.s. Извршител

Многу е интересно, кога имаме предавања за развој на менаџерските вештини и кога правиме тест за дефинирање на улогите во тимот, најголем број од менаџерите (раководители) излегува дека се „извршители” (една од улогите во тимот). Тоа, секогаш ги изненадува учесниците, бидејќи повеќето од нив мислат дека ќе бидат „координатори” (раководители). Но, во суштина тоа е многу логично

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
февруари 26, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Сите оние вработени кои биле унапредени во раководители или им била доделена менаџерска, раководна улога, сите тие сигурно дале одлични резултати, пред сè како оперативци (извршители). Затоа, компанијата ги забележала и ги унапредила. Но, тука лежи и најголемиот проблем на секоја компанија. Раководителите имаат нова титула, но тоа не значи дека тие ги поседуваат или ги имаат развиено менаџерските вештини, потребни за беспрекорно водење на таа функција. Доколку сте извонреден оперативец, не значи дека ќе бидете и извонредни менаџери (раководители).
Проблемот на „нејасна одговорност”, оди и до таа мера што некои од менаџерите (на пример, менаџерот за продажба), мислат дека тие треба да остваруваат најголеми продажби, и дури се натпреваруваат со својот тим. Тоа е многу погрешно, еден менаџер за продажба треба да има најслаби резултати во продажбата, но затоа треба да влијае, да го мотивира секој од своите членови на тимот, да го дадат најдоброто од себе и да остварат извонредни резултати.
Кога си извршител (оперативец), твоја обврска е да оствариш најдобри резултати и најефективно и ефикасно да ги извршиш зададените задачи, на индивидуално ниво. Но, ако си на раководна позиција и имаш свој тим, веќе твоите обврски и задачи се менуваат. Од индивидуално, моќта се пренесува на целиот тим (успехот на тимот). Секој менаџер ќе биде евалуиран од индивидуален аспект но, на крај неговиот резултат највеќе ќе зависи од резултатот на целиот тим. Да си раководител/менаџер значи: раководење со луѓе, познавање на луѓето, нивна мотивација, едукација, да се биде пример за другите, да се биде информатор и поддржувач, некој кој ќе им го олесни нивниот пат.
Доколку ви е дадена можност да раководите со тим, размислете дали сте „раководител” или повеќе „извршител”. Тоа ќе ви помогне да дефинирате во која насока треба да се развивате понатаму.
Со успех во промените,
Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Прекрасниот гол на Танкоски најава за дуелот со Железничар

Следна вест

Навивачката група “Maјмуни” ќе биде новиот газда на ФК ПОБЕДА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

Навивачката група "Maјмуни" ќе биде новиот газда на ФК ПОБЕДА

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.