Колумбиецот Бернал победи со само 22 години и стана најмлад победник на Тур де Франс во последните 110 години. Тој вчера ја помина целта, а под рака му беше тимскиот колега и минатогодишен победник Герајнт Томас, кој во генералниот пласман го освои второто место.



