Бундес тимот на Лудвигсхафен поради корона кризата и проширувањето на лигата остана во елитно друштво, а во овој тим брани и македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски. Нашиот голман ја помина во одлични настапи првата сезона делејќи ја минутажата со одличниот искусен словенски голман Горазд Шкоф.
Првиот тренер на Лудвигсхафен, Бен Машке најавува дека Шкоф ќе биде прв голман, но дека сериозно смета на Томовски и дека и тој ќе добие голем број на минути на теренот. Машке е задоволен од првата година на Томовски каде мина во адаптација, запознавање со екипата и учење на германскиот јазик, па очекува во иднина од него да прерасне во врвен голман.



