Неодамна Владе Дивац поднесе оставка како генерален менаџер на Сакраменто Кингс, а неговиот пат го следеше и неговиот сонародник Предраг Стојаковиќ кој беше негов асистент.
Стојаковиќ на оваа функција е од 2018 година и после оставката се заблагодари на менаџментот, на екипата како и на фановите на клубот за дадената доверба. Исто така пофални зборови имаа и од раководството на клубот и за придонесот на двајцата за тимот во целиот период поминат со нив.



