Селекторот на нашата најдобра машка селекција, Александар Тодоров подготовките за февруарскиот „прозорец“ на ФИБА кој предвидува настап на турнирот во Перм ги закажа за 10. февруари во Скопје.
Според плановите на стручниот штаб на „црвено-жолтите“, во Скопје ќе биде реализиран уводнито дел од подготовките.Тодоров ја остава како „отворена“ можноста за објавување на дефинитивниот список на патници за Русија. Вториот дел од подготовките ќе биде реализиран во Перм,Русија.
Во периодот од 18. до 22 февруари, нашата сениорска селекција треба да одигра четири средби од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2022 година. Во Перм отвораме со мечот против Италија, на 18.февруари. Наредниот ден играме со селекцијата на Русија.
По единствениот ден за пауза, на 21. нè чека втората средба со Италија, додека пак на 22. февруари е веројатно и најважниот меч во квалификациите против репрезентацијата на Естонија.