Младата фудбалска репрезентација на Македонија до У-21 ги доби противниците од квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2023 година ќе се одигра во Романија и Грузија. На денешната ждрепка, Македонија се најде во групата Х, заедно со селекциите на Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија.
Најголемиот успех на македонската селекција до 21 година е пласманот на завршницата во 2017 година, додека на последните квалификации завршивме како второпласирани во групата и само поради промената на правилата за време на квалификациите, не успеавме и по втор пат да се пласираме на завршницата.