Во пријателски натпревар помеѓу соодветните женски национални тимови до У-19 на Босна и Херцеговина и Македонија загубивме со високи 7:0 на полувреме беше 4:0 без шанси нашите млади репрезентативки да пружат поголем отпор, а предводени од селекторот Астрит Мерко.
Во првиот дел, БиХ со головите на Крањиќ, Мујкиќ, Јелчиќ и Милинковиќ обезбеди предност од 4:0, додека во вториот дел Недева си даде автогол, а во листата на стрелците од БиХ се запиша уште Крајшумовиќ, која даде два гола. Следниот натпревар помеѓу БиХ и Македонија е на програмата на 5 март.



