Македонската футсал репрезентација вo петок против Србија во Врање ќе го одигра натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското првенство. Три дена подоцна во С.Ц. “Јане Сандански” ќе го одиграме возвратниот дуел со Србија.
Нашата најдобра футсал селекција освои бод на воведните два меча. Загубивме со 2:1 против БиХ на гости, а на домашен терен одигравме 2:2 против Романија. Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на Даниел Де Соуса поради повреда, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски.
Во конкуренција за настап се следните играчи:
Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цујо) и Иван Стојановски (Шкупи).
Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина Мабетекс, Косово) и Харис Омеровиќ (Арбен Бајрами).
Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон Бојс, Германија), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Калчевски (Велес), Петар Даиловски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами) и Џокица Арсовски (Стуттгартер, Германија).
Фото и извор: https://ffm.mk