Во пријателски натпревар во склоп на зимските подготовки пред почетокот на втората натпреварувачка сезона во Охрид се сретнаа екипите на тетовски Тетекс кој се натпреварува во Втора лига и лидерот на Трета лига – Југозапад тимот на ФК Воска.
До триумф од 8:1 стигна поискусната и се покажа многу поквалитетната екипа на Тетекс за разлика од охридскиот тим кој што на дело се виде дека за повисок ранг им се потребни поквалитетни играчи.
Головите за Тетекс ги постигнаа: Бојан Михајловски и Силвио Ангеловски кои беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Мирослав Јовановски, Ринор Ајдини, Димитар Иванов и Александар Пановски.
Фото: ФК Тетекс – Тетово / официјална страна / FC Teteks – Tetovo