Ракометарите на Охрид славеа против екипата на Струга со 27-20 (полувреме 13-11) во тест натпревар во Билјанини извори.
Напреварот се играше изедначено до 45 минута кога Охрид успеа да се одлепи поради подолгата клупа и да слави со конечни 27-20. Најефикаен во Охрид беше Бобан Блажески со 5 голови, додека во Струга најефикасен беше Николиќ со 6 погодоци.



