Владимир Темелков најдоброто десно крило во историјата на ракометната репрезентација на Македонија ја игра последната сезона во својата кариера.
Темелков кој на 26 Март ќе наполни 44 години игра сеуште одлично за Керјенг од Луксембург каде пристигна 2011 година.
Темелков во својата кариера настапуваше за матичниот клуб Борец од Велес, потоа Пелистер од Битола. Играше долго време и во Германија во тимовите Фулинген, Вилштат, Балинген и Кронау.
Темелков бил дел од составот на македонската репрезентација на Светското првенство 2009 во Хрватска и на тоа првенство тој постигнал 35 голови. Тој исто така бил дел од составот на македонската репрезентација којс го освои петтото место на Европското првенство 2012 во Србија и СП 2013 во Шпанија.
Владимир благодариме за се што направи за репрезентацијата на Македонија.