Татјана Хмирова е во Скопје, по нејзината последна ракометна епизода во Тенерифе, овој пат таа започнува тренерска кариера. Нејзин прв предизвик е Вардар, каде ќе работи во првиот тим. Руската ракометарка е екс играч на ЖРК Вардар, а сега е повратничка во клубот само во улога на тренер.
Хмирова веќе асистираше на неколку тренинзи на Ристова, таа работеше со крилата пред Куп предизвикот. За репрезентацијата на Русија, Татјана Хмирова има настапувано во сите младински категории. Во 2008 година со Русија стана светски младински шампион и беше прогласена за најкорисен играч.
Истата година Хмирова дебитираше за сениорската репрезентација на Русија на ЕП на кое Македонија беше домаќин и освои бронзен медал. Во 2009 го освои златото на СП во Кина, а настапи и на СП 2011 во Бразил на кое Русија беше седма и на ЕП 2012 во Србија на кое руската репрезентација го освои 6.место. Таа имаше и пребогата клубска кариера со дузина пехари во силни европски тимови.



