Во швајцарската женска ракометна лига, тимот на Винтертур триумфира со резултат од 36:22 против тимот на Амичитија Цирих, каде што повторно играч број еден на теренот беше македонската интернационалка, Симона Гроздановска која учествуваше со 10 погодоци и беше најзаслужна за новите бодови.
Сепак иако Винтертур во своите редови ја има ракометарката со најмногу погодоци во лигата стравуваат за својот опстанок, а ако продолжат и понатаму одличните настапи на Гроздановска тимот се надева на опстанок. Во следно коло Винтертур ќе се соочи против Херцогенбуше.