Еурофарм Пелистер вечерва го чека тешко гостување во Лигата на шампионите против тимот на ПСЖ.
„Многу ни значи тоа што одигравме одличен натпревар против Кил. Влијае тој натпревар на самодовербата, иако не победивме. ПСЖ заедно со Киелце, сметам дека се најсилнити екипи во групата, па и во Европа. Го имаат најдобриот тренер во светот Раул Гонзалез. Променет им е составот од минатата сезона, им треба време да се воиграат, но имаат екстра-квалитет. Сепак, се екипа од дваесет милиони евра, тука е голема разликата со нас. Треба да одиграме најдобро што можеме.”- изјави Марио Танкоски