Алкалоид остана единствен перфектен тим во Групата А во Суперлигата! Нашата екипа беше подобра од ГРК Тиквеш на домашен терен (30-22) и ја забележа седмата победа во седмиот натпревар.
Најдобри стрелци во Алкалоид беа Иван Џонов и Арно Бинго со по пет гола, додека на голот одличен беше Благојче Трајковски со 14 одбрани.Во составот на Тиквеш, четири гола даде Симиќ, додека голманот Гемаљевиќ имаше 13 интервенции.