Вечерва од 18:00 часот сениорската ракометна репрезентација на Македонија во историскиот натпревар против Франција ќе го отвори Европското првенство во Германија. Македонија и Франција мечот ќе го одиграат на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.
Ова е фудбалска арена која е специјално приспособена за овој натпревар и ќе биде првиот ракометен натпревар во историјата кој ќе се одигра пред повеќе од 53.000 гледачи.
„Играм за репрезентацијата од 2015 година, ова ќе биде мое петто Европско првенство и чувствувам дека е дојдено времето да покажам што умеам. Тренерот Кирил Лазаров јасно ми кажа дека од мене очекува да бидам еден од лидерите. Првиот натпревар ќе биде голем настан за целата нација и се фокусирам на тој момент“, изјави левиот бек Филип Талески.




