Вечерва од 18:00 часот сениорската ракометна репрезентација на Македонија во историскиот натпревар против Франција ќе го отвори Европското првенство во Германија. Македонија и Франција мечот ќе го одиграат на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.
Ова е фудбалска арена која е специјално приспособена за овој натпревар и ќе биде првиот ракометен натпревар во историјата кој ќе се одигра пред повеќе од 53.000 гледачи.
„Имаме добар атмосфера во репрезентацијата, трениравме 15-16 дена на ниво и сите се трудеа да го дадат својот максимум и да бидат професионални до крај. По денешниот тренинг се чувствува нетрпеливоста пред почетокот на првиот натпревар. Мислам дека нема ракометар кој нема позитивна трема пред стартот на првенството.Знаеме што нè очекува на првенството и колку бара жртва и подготовка за да им парирате на моќните репрезентации. Нема што да изгубиме, ќе го дадеме својот максимум бидејќи не постои човек и спортист кој не сака да биде најдобар“, изјави капитенот Никола Митревски




