Таеквон-до клубот „СОНКАЛ“ Мислешево-Струга од „КОРЧА ОПЕН 2023“со 6 медали, а од „БУГАРИЈА ОПЕН 2023“ со 1 сребрен медал
Викендов што помина Таеквон-до клубот „СОНКАЛ“ Мислешево-Струга, во склоп на М.Т.Т.Ф. под водство на Тренерот Марио Крстески црн појас први дан, настапи на Таеквондо ИТФ натпревар „Корча Опен 2023“ во Корча, соседна Албанија, каде што учествуваа над 150 натпреварувачи од 17 клубови од кои 5 клубови од Македонија.
Додека еден од тренерите на клубот , Давид Крстески ,Европски вицешампион Пореч 2022, учествуваше на еден од најсилните Меѓународни Таеквондо ИТФ А класа натпревари во југоисточна Европа, на „БУГАРИЈА ОПЕН 2023“ во Пловдив, каде учествуваа над 700 неатпреварувачи од 12 земји од Европа .
Нашиот клуб под водство на Тренерот Марио Крстески,носител на црн појас, учествуваше со пет натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби, од кои 1 златен,1 сребрен,4 бронзени медали, како за почетници е ова огромен успех за нашите натпреварувачи,кои покажуваат огромен спортски потенцијал и за релативно кратко време имаме освојувач на злато само на 8 години, тоа на сите ни кажува дека треба сите да вложиме во нашите натпреварувачи за да ги изградиме во врвни спортисти, додека нашиот Давид Крстески кој е еден од најдобрите натпреаврувачи и репрезентативци на М.Т.Т.Ф. на „БУГАРИЈА ОПЕН 2023“ се закити со сребрен медал во форми, победувајќи 4 круга , додека во финалето тесно изгуби од светски шампион од Грција, со што ни кажува дека е сеуште во врвна форма, за жал во спаринг-борби, Давид беше победен во првиот круг од судиите во корист на домашниот претставник,иако беше доминантен спрема неговиот противник, ни изјавува претседателот на клубот Даниел Крстески.
Освојувачи на медали „КОРЧА ОПЕН 2023“ се:
-Теодор Ѓорески 1 место (злато) борби , деца 7-8 години -35 кг
-Дамјан Ангелкоски 2 место (сребро) борби , деца 9-10 години -35 кг
-Кристијан Гагалески 3 место (бронза) борби , деца 9-10 години -25 кг
-Викторија Донеска 3 место (бронза) борби , девојчиња 11-13 години -55 кг
-Вангелина Нестороска 3 место (бронза) борби , девојчиња 11-13 години -65 кг 3 место (бронза) форми , девојчиња 11-13 години жолт појас

Освојувачи на медали „ БУГАРИЈА ОПЕН 2023 “ се:
- Давид Крстески 2 место (сребро) форми за црн појас први дан, јуниори 16-17 години
Таеквон-до клубот „СОНКАЛ“ Мислешево-Струга врши и упис на нови членови кои сакаат да го изучуваат најатрактивниот боречки спорт.
